Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, потврди МВР.
Се извлекуваат патниците кои се наоѓале во автобусот. На местото на несреќата има три амбулантни возила и неколку полициски тимови.
Неофицијално, во автобусот на компанијата Дурмо турс патувале околу 50 лица. Не се знае точна бројка на повредени и дали има мртви.
Од компанијата Дурмо турс потврдија дека автобусот што слета во провалија е во нивна сопственост:
Да наш е автобусот, но во моментов не можеме да дадеме некои конкретни информации. Се обидуваме да контактираме со луѓето“.
Според информациите од терен како што се извлекуваат патниците од автобусот, веднаш со возилата на Брза помош се носат на Клиника и во градската болница „8-ми Септември“.
Comments are closed for this post.