Тетово и повеќето села ноќеска во околината ноќеска еден час пред полноќ останаа без електрична енергија во период од околу час и половина. Од електродистрибутивната компанија ЕВН соопштија дека се испитуваат причините за прекинот во снабдувањето.
Познато е дека имало испад на 35 киловолтен далековод во трафостаница Тетово 1 поради што дојде до ноќешниот прекин во снабдување со електрична енергја во поширокото тетовско подрачје.
-На 22.12 2019 настанат е прекин во снабдување со електрична енергија-испад во трафостаница Тетово 1 во 23 часот и 9 минути. По 20 минути воспоставено е напојување за дел од корисниците од далекувод Тетово-Теарце-Полог со префрлање на другите напојни точки. По полноќ се приклучени остатантите корисници од централното градско подрачје, Селце и Шипковица, соопшти Атанас Ковачески од ЕВН.
Comments are closed for this post.