Последните настапи на премиерот во заминување во кои тој се самопрогласи и за премиер и по изборите на 12 април го отвараат прашањето дали Заев веќе го прејудицира исходот.
Иако за нецел месец Заев ќе мора да се повлече од премиерското место и на негово место да дојде технички премиер, тој се однесува како веќе победникот на изборите.
Така вчера на пратеничките прашања рече дека правната држава треба да испорача правда и оти дека тоа да биде задача на сите
Главата работа е ова да не се повтори на премиерот, на техничкиот премиер и на премиерот Заев по изборите-истакна тој во обраќањето пред пратениците.
Слична изјава тој даде и за време на свеченото пуштање на џамијата во Охрид. Таму Заев призна дека џамијата е дивоградба но оти проблемот ќе го решавал по изборите. Тој дури и си одреди датум кога ќе се зафати со оваа дивоградба, односно 5 мај.
Сево ова укажува дали Заев знае нешто што граѓаните не знаат или пак е убеден дека ќе ги добие изборите и покрај тоа што сите анкети предвидуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Слична изјава даде Заев и вечерта по завршувањето на изборите. Тогаш и покрај победата на ВМРО-ДПМНЕ со два пратеници пред СДСМ, Заев рече дека тој ќе ја формира Владата, што и се случи откако ДУИ за коалициски партнер го избра поразениот од изборите.
Comments are closed for this post.