Во текот на денот, беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. По детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена Кркардаш.
Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња.
Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии.
Comments are closed for this post.