Откако вчера претседателот Стево Пендаровски побара пратеник на Европскиот парламент и уште неколкумина да бидат прогласени за персона „нон грата“ сите очи се вперени во Министерството за надворешни работи. Од министерот Бујар Османи зависи дали органите ќе ги послушаат неговите барања.
Шефот на државата е во право кога вели неговите ингеренции завршуваат дотука и дека тој предупредил на можните сценарија кои можат да се случат на 4 февруари на одблежувањето на роденденот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас во Скопје.
„Пресинг ТВ“ го праша Министерството за надворешни работи дали и кога Османи ќе се изјави за барањето на Пендаровски но се уште немаме одговор.
Знаејќи го сервилниот однос на Османи кон Бугарија малку е веројатно дека ќе го прифати барањето на претседателот на државата.
Тоа се виде и за време на неговата последна посета на Бугарија кога стоеше простум без да изусти збор кога бугарскиот министер Милков обвинуваше дека се вратило времето кога во Македонија се убивало и малтретирало.
Comments are closed for this post.