Покрај стандардните лажни вести и невистини, Христијан Мицкоски веќе толку се изгуби во сопствените ставови што неговите јавни настапи се полни со конфузија и недоследности.11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно работеше против интеграција, свесно ја оддалечуваше државата од ЕУ и НАТО, а денеска Мицкоски глуми загрижност за евроинтеграциите, посочуваат од СДСМ како одговор на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од една страна Мицкоски вели дека не сме ниту во чекалната на ЕУ, а од друга страна лицемерно вели дека се што е добро направено во најпозитивниот Извештај на ЕУ е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на деструкција и антидржавно однесување.
До вчера за ВМРО-ДПМНЕ Договорт за добрососедство со Бугарија беше антидржавен, а денеска Мицкоски се пофали и призна дека истиот е „95 отсто испреговоран од ВМРО-ДПМНЕ“.
Додека државата силно чекори напред, Мицкоски зборува за „враќање чекор назад“.
Целокупното делување на Мицкоски е со една цел, да ја врати државата назад во криминал, изолација и неизвесност, да го врати назад режимот на Никола Груевски за да се богати фамилијата, а државата да тоне во долгови и сиромаштија.
Ниту една лажна вест на конфузниот Мицкоски не го менува фактот дека државата оди напред, економијата е во нагорна линија и што од заробена држава денес сме светол пример во регионот, со извесно членство во НАТО и напредок во интеграцијата во ЕУ.
Наместо да се фали со туѓи достигнувања, Мицкоски нека гледа и учи како се работи одговорно и во интерес на граѓаните и државата.
Comments are closed for this post.