СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна партискиот портпарол, Наум Стоилковси, со проектот за партизација од хигиеничар до министер, а според правилото членската на СДСМ да биде замена за сите лични документи, достапност до работно место во администрацијата нема за млади и успешни, нема за дипломирани високообразувани, во администрацијата нема место за потенцијални нови и современи идеи, туку само и само за партиски послушници кои новото работно место го заслужиле исполнувајќи партиски агенди.
Денеска ќе објавиме дел од оние за кои Животот од Тефтери пристигна во Куманово.
1. Некогаш главната стечајка и демонстрант, Лилјана Георгиевска, говорник и лик од спотовите на СДСМ, од неодамна, 05.10 оваа година, е вработена во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Нејзината ќерка, веројатно заради активностите на мајката- стечајка, е вдомена во детска градинка во Куманово.
2. Првиот човек од доверба на Оливер Спасовски, секретарот на кумановската партиска организација, Оливер Илиевски, од 28.12.2017 е раководител во Водостопанство, додека неговата сопруга од 08.10.2018 е вработена во МВР во Стопански криминал. Вработување во општата болница во Куманово неодамна е најдено и за нејзината сестра.
3. И десната рака на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски на 06.06.2018 се вработил како директор на ЈП Чистота и зеленило, чија сопруга годинава на 01.05.2018 е вработена во градска библиотека во Куманово.
4. Претседателот на кумановската младинска СДСМ Мартин Захариев, од 26.11.2018 е вработен во Центарот за социјални работи; додека неговата мајка Снежана, поранешен социјалдемократски лидер во градот, сега е директор во кумановската болница – изјави Стоилковски.
Comments are closed for this post.