СДСМ реагира на прес конференција на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ по повод случајот „Рекет“. Од партијата соопштуваат дека токму лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

„Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата“, соопштуваат од партијата.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да успеат во обидите да ги загрозат случаите што се водат против криминалите.

„Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот, стои во соопштението на СДСМ.