Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го утврди пратеникот и кардиолог Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои треба да се одржат на 13 декември во оваа опптина.
Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој истовремено продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.
СДСМ е фаворит на изборите во Штип, поради успешните политики во интерес на граѓаните, поради досегашната работа на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски, и секако поради кандидатот со кој ќе настапи“, соопшти владеачката партија.
Во Штип ќе има вонредни локални избори откако Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски. Исто така ќе има избори и во Пласница, каде што градоначалникот Исмаил Јахоски стана пратеник.
Сепак новите градоначалници ќе имаат скратен мандат од само една година бидејќи во 2021 ќе се одржат редовните локални избори.
Comments are closed for this post.