Предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е обид за брутален упад во правниот систем на државата и дерогирање на владеењето на правото, реагираат од СДСМ .

Зад предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ стои единствено обид да се издејствува амнестија за носителот на криминалот, Никола Груевски и да се урне процесот на помирување започнат во Собранието, стои во партиската реакција.

На Македонија и е потребен процес на помирување, но тоа не значи упад во судството, додаваат од таму и потенцираат дека правда мора да има.