Голема мечка се доближила до селото Колари, Кичевско  и му се заканува на добитокот во селото. Како што пишува МИА жителите мака мачат последните денови.

Од тие причини мештаните не можат да ги користат ниту локалните пасишта во близина на шумата во селото. Спречени се и да се снабдат со дрва за зимскиот период.

Како што се наведува, не е познато дали до сега мечката предизвикала штета во некое од бачилата. Мечката барала храна и била многу агресивна.