Портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека остануваат на ставот за една изборна единица но оти конечниот збор треба да го имаат партиите, и тоа со консензус.

Кога зборуваме за отворени листи, секако дека стоиме на она што значи наша програмска определба за една изборна единица. Знаете дека во Собрание се одлучува за ова прашање со консензус, јас сум убеден дека сите ќе го имаме во предвид и она што значи наше изборно ветување, но и она што значи интерес на граѓаните. Убеден сум дека кога зборуваме за отворени листи дека станува збор и за преференцијалните листи имајќи во предвид дека ако имаме отворени листи на една изборна единица може да замислиме како ќе биде со помалите општини, какви што се Радовиш, Пехчево, Берово, Делчево, ќе биде многу потешко да дојдат и да имаат свој претставник во Собранието на Република Северна Македонија, но со преференцијалните листи јас сум убеден дека може да ја постигнеме целта и она што значи наше изборно ветување