На вечерашниот состанок на Бихќка, на врвот на листата со можни кандидати за претседател изби Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО.
Раководство на владејачката партија реши во претседателската трка повторно да влезе со Пендаровски. Ова ќе биде негова втора канидитатура за претседател на државата.
По состанокот на партиските органи, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев замина на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Таму ќе го предложи Пендаровски. Заедничкиот кандидат бил договорен во средата.
Заев очекува да биде поддржан и од Алтернатива и ДПА, како и други партии.
Според информации од СДСМ пресудно за изборот на Пендаровски било што од сите имиња кои се споменуваа во јавноста тој имал најдобри резултати и во вкупното гласачко тело, но и кај сите етнички заедници посебно. Според партиските анкети бил прв избор.
Comments are closed for this post.