Доцна вечерва заврши седницата на Извршниот одбор на СДСМ. Раководството на владејачката партија одлучи дека нема да и даде на опозицијата предвремени парламентарни избори.
СДСМ презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓанитее многу повисока од онаа на опозицијата“, рече по завршувањто на седницата на Извршниот одбор, портпаролот на партијата Костадин Костадинов.
Тој потенцираше дека ќе се спроведат фер и демократски претседателски избори, на кој е убеден дека ќе победи СДСМ.
Владејачката партија започнува со консултации со коалициските партнери, парламентарните и вонпарламентарните партии, за како што рече Костадинов да се дојде до консензуален кандидат за претседател на државата.
Comments are closed for this post.