Одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ. 11 години режимот на Никола Груевски контролираше се, ВМРО-ДПМНЕ создаде криминален систем со кој го штитеше криминалот и криминалците во своите редови.
Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа.
Денес законите важат еднакво за сите и секој за кој ќе се докаже дека е виновен сноси одговорност согласно законските норми .
Уште една лага во низата кои ВМРО -ДПМНЕ секојдневно ги шират е и наводното фалсификување на записник од страна на министерството за пријавен случај за физички напад за што МВР веднаш излезе со демант.
Напротив, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
Претходно, осуда за насилство беше упатена и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и од самата партија, а воедно беше упатен и повик истражните органи да утврдат дали и каква одговорност постои.
Ако порано полицијата под директива на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ , служела за заташкување на кривични дела, режирање на апсења и случаи, одмазди и притисоци, денес на само две години од владеење на СДСМ тоа е минато.
Надлежните ограни денес работат транспарентно согласно позитивното право и закони, во заштита на правата и безбедноста на граѓаните.
Comments are closed for this post.