Пратениците од СДСМ очекуваат широк консензус за Законот за СЈО.
Се водеа силни дебати на стручната и поширока јавност за начинот и формата за којшто ќе може Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи со својата работа, што е она суштинското. Беа понудени два концепти и се разговараше за два концепти, но се одлучи за концептот во којшто СЈО всушност надлежноста негова да биде дел од Јавното обвинителство, значи за полесно граѓаните да разберат на принципот на нешто како што е Одделението за организиран криминал и тоа е тој концепт којшто доби поширока поддршка и истиот очекуваме набрзо да дојде во Собранието. Имајќи предвид дека ова е многу важен или може да се каже дека е прилично клучен закон, којшто ќе овозможи борба, понатамошна борба со вискота корупција, очекуваме широк консензус, бидејќи барем досега не слушнавме ниту еден политички субјект да каже став дека е против борбата со високата корупција“, појасни пратеничката од СДСМ Снежана Калеска –Ванчева.
Калевска вели дека ако навистина се цврсти заложбите на сите политички субјекти тогаш нема причина да се стравува .
Значењето и имплементацијата на овој закон и резултатите од примената на овој закон може да се очекуваат само доколку биде широко прифатен, додава Калевска.
Comments are closed for this post.