СДС се користи со конструкции и лаги, за да дефокусира од својата неспособност и криминал, но и од егзотичната винска екскурзија на Ковачевски, платена со народни пари.СДС не може да се помири со фактот дека локалната самоуправа има три пати повисок рејтинг од централната власт и владата на Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ.
СДС не може да се помират со тоа што на локално ниво се гради, а централната власт нема изработено ништо.СДС не може да прифати дека после две години градоначалниците немаат ниту еден коруптивен скандал, за разлика од нивните владини функционери кои се поврзуваат со криминални афери на дневна основа.
Денес јавноста очекуваше СДС да излезе со одговор каде завршиле рубљите од пајташот на владата на СДС, Дака Давидовиќ кој е ставен на црната листа на САД, заедно со нивниот градоначалник Рамиз Мерко.
Comments are closed for this post.