СДСМ наместо живот им донесе беда на македонските граѓани. Со криминалниот картел на власт во континуитет се зголемува сиромаштијата во Република Македонија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека функционерите од власта секојдневно се богатат со нови грантови и тендери, ова денеска преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% . Тоа покажува дека власта на граѓаните им донесе поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат директно кај криминалниот картел на аболицираниот Заев. Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%. Наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите. Растат даноците, растат државниот и јавниот долг , а расте и корупцијата. Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега.
-Понижувањата кои ги нанесоа Заев и СДСМ резултираа со капитулантскиот договор со Грција кој насилнички го изгласаа и спротивно на волјата на граѓаните го менуваат Уставот и уставното име на Република Македонија. СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Токму затоа аболицираниот Зоран Заев бега од предвремени парламентарни избори затоа што се плаши да се соочи со гневот на македонските граѓани. Граѓаните на Република Македонија повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Тие заслужуваат достоинство, повисок стандард и просперитетна иднина. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да се стави крај на црнилата и конечно граѓаните и Република Македонија да почнат да напредуваат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.