Денешната изјава на Кирацовски во Прилеп е лика и прилика за однесувањето на оваа однародена власт. Наместо со граѓаните тие се опкружуваат со партиските другари со скиснати лица. Прилеп и цела Македонија се сведоци за црнилата и неспособноста на криминалниот картел на власт. Македонија тоне во корупција, економијата крахира, државата галопирачки се задолжува, нема капитални инвестиции, а СДСМ наместо да решава проблеми, неуспесите ги прикажува како успеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ова покажува дека СДСМ и Кирацовски се целосно одлепени од реалноста. Наместо ветуваниот живот, донесоа вработувања на фризерки во МЕПСО, вработувања на мајки на партиски функционери во државни институции, иновативни грантови на партиски блиски фирми, криминални тендери и матни набавки.

За народот, за работниците, за стопанствениците, за пензионерите, за младите останаа само црнилата произведени од оваа власт. Крајот на овие црнила се гледа и ќе се случи кога оваа неспособна власт предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе падне. Народот заслужува и ќе живее подобро кога ликовите како Заев, Кирацовски, Анѓушев, Тевдовски и сличните од СДСМ ќе заминат во темната политичка историја.