Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува послушник на Никола Груевски.Нема план, нема програма, нема конкретни идеи и предлози за доброто на граѓаните или државата. Само блокади, неуспешни обиди за кочење на напредокот и лажни вести, велат во СДСМ.

Додека СДСМ се менува во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Никола Груевски, на деструкција и блокади.

Од една страна, СДСМ го слуша гласот на граѓаните и се менува за да го забрза напредокот и интеграциите, од друга страна кај ВМРО-ДПМНЕ  ништо не се менува, останува заглавена во минатотот.

СДСМ ја движи земјата напред.За само 2 години од заробена држава до блескав пример во регионот и на дофат до остварување на врвните стратешките интереси членство во НАТО и ЕУ.