„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Cеверна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина“, велат од Социјалдемократскиот сојуз во денешното соопштение.
Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси. Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем, тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од КОВИД 19, организира масовни собори каде не се почитуваат никакви протоколи.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Cеверна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиоти најмоќен воено-безбедносен сојуз, велат од СДСМ.
Во меѓувреме, додаваат, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.
Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните.
Продолжувањето на деструкцијата само покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните, туку дека тој се води од личните и партиските интереси.
Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму, се вели во соопштението на СДСМ.
Comments are closed for this post.