Христијан Мицкоски вечерва го потврди она што граѓаните веќе многу добро го знаат: дека е тој не е ништо друго освен антимакедонски и антизападен пион во рацете на Никола Груевски, реакција од СДСМ по вчерашниот говор на опозицискиот лидер за денот.

Во реакцијата од СДСМ додаваат дека Мицкоски не пропушта прилика да им докаже на сите граѓани дека е против ЕУ и НАТО и дека по секоја цена работи против интересите на граѓаните и  државата.

Добро за Македонија е фактот што анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски се поразени граѓаните, од мнозинството пратеници во Собранието па дури и од сопствената партија, стои во реакцијата што ја испратија од владејачката партија.

Според СДСМ, Мицкоски и Груевски покажуваат голема нервоза како што наведуваат соочени со поразот што им се случува.

Посетите на високи претставници од демократскиот свет на земјава кои го заобиколија Мицкоски, меѓу кои и претставникот од САД, се уште една потврда дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ останува во длабока изолација. Колку и да е неприфатливо за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.