Уште едно алиби обраќање на антизападниот Христијан Мицкоски од Конвенцијата на која лично тој си го бира својот фаворит, својот кандидат кој со него треба да застане против НАТО и ЕУ.
Мрачното обраќање на Мицкоски многу добро го отсликува него и состојбата во којашто се наоѓа: „чудовишта“, „џелати“, „кризи“, „исклучувања“, „жолти картони“, „на колена“, реагираат од СДСМ.
Нема поголемо разочарување за земјава од однесувањето на Христијан Мицкоски и делувањето против НАТО и ЕУ.
Од една страна се граѓаните, СДСМ, мнозинството, кои Република Северна Македонија ја носат напред кон светла иднина во НАТО и ЕУ.
Од друга страна е осамениот Мицкоски обземен со мракови и деструкции, со мрачното време на режимот на неговиот Никола Груевски.
СДСМ е за економија, за прогрес, за реформи, за безбедност. Затоа сме ЗА НАТО, затоа сме за ЕУ.
Штета што на Мицкоски и ова ракаоводство на ВМРО-ДПМНЕ тоа им пречи.
Мицкоски нека не бара алиби, туку да се подготви за убедлив изборен пораз на слободни, фер и демокартски претседателски избори.
Граѓаните ги отфрлија неговите деструкции, неговите црнила, не сакаат да се вратат назад во мрачно време на неизвесност, криминал и изолација.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов ниту нов Груевски, тоа време заврши, Северна Македонија оди напред.
Граѓаните, Северна Македонија, одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски може да размислува за оставка од неговата партија, по извесниот пораз на претстојните претседателски избори, велат од СДСМ
Comments are closed for this post.