Денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, велат од СДСМ.
Антизападниот Христијан Мицкоски сам го одбира неговиот кандидат или кандидатка. Денеска е само официјализацијата.
Тоа го потврдуваат и информациите објавени во дел од медиумите блиски до опозицијата, според кои, на конвенцијата е преполовен бројот на делегати кои се бирани лично од Мицкоски.
Останува јавноста да види дали некој од кандидатите јавно ќе се огради од деструктивните, анти НАТО и анти ЕУ активности и политики на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов.
Во најмала рака, граѓаните очекуваат оградување од ставовите и осуда на говорот на омраза и поделбата на граѓаните, соопштија од СДСМ.
Comments are closed for this post.