Соочени со извесниот пораз на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараат алиби, затоа лажат и се закануваат кон обвинители, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Инаку Стоилковски, рече дека изминуваат шест месеци откако до Јавното обвинителство е доставена кривична пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори, заради основано сомнение дека на референдумот на 30-ти септември минатата година биле злоупотребени над 50.000 гласови, односно за основано сомневање дека биле полнети кутии.
Од СДСМ враќаат дека Јавното обвинителство е независна и професионална институција која работи согласно законските надлежности и треба да се остави да ги заврши започнатите истраги.
„Изборни измами беа одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Времето на изборни притисоци и измами заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер и слободни престседателски избори. На кристално чисти избори граѓаните ќе изберат претседател за сите, кој достоинствено ќе ја претставува државата, претседател кој ќе гледа и ќе води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски“, стои во реакцијата од СДСМ.
Comments are closed for this post.