Власта треба да одговори дали се точни информациите дека во Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија на над 50-тина вработени им биле дадени извештаи за дисциплинска неуредност во кој се предлага нивно казнување со 20% од висината на месечната плата во траење од 3 месеци?, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска.
Тврди дека од извештаите кои пристигнале до нав, како и од дополнителните материјали кои ги добиле, јасно се гледало дека основ за изрекување на ваков вид на казна се неосновани.
Власта треба да одговори и на тоа дали се точни информациите дека од 1 јуни 2017 година до сега биле поведени над 150 дисциплински постапки по разни основи против вработените во Владата. Ако ова е навистина така, нашите податоци говорат дека се водат постапки наоколу 50% вработените ако се земе предвид дека на страната на Генералниот секретаријат стои информација дека се вработени околу 300 лица, бара Стаменковска.
Таа додава дека притисоците врз администрацијата не се случај само во Владата.
Имено според информациите кои ги објавија медиумите на денот по референдумот од ЈСП биле избркани 3 лица од работа, рече Стаменковска.
Comments are closed for this post.