Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата, реагираат од владејачката СДСМ по повод реакцијата на Александар Николоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Таму, пред судовите треба раководството на ВМРО-ДПМНЕ да дава своја експертиза.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно однесување, Мицкоски ја покажува својата немоќ и безидејност.
Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Comments are closed for this post.