СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори.

Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори.

Ковачевски да каже кој од овие два предлози го прифаќа? Во спротивно попусто троши време за состаноци и замајување на сопственото членство.