Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство, реагира денес Социјадеморкатскиот сојуз на Македонија.
„Антимакедонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот антизападен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ. Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство“, се наведува во истото соопштение.
СДСМ ги повикува сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување.
„Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират“, истакнуваат социјалдемократите.
Comments are closed for this post.