Одлуката за отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа заложи денеска претседателот на Европскиот парламент, Дaвид Сасоли.
Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции и отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, напиша Сасоли на својот налог на „Твитер“.
In my first speech to the #EUCO as @Europarl_EN President, I stressed the urgency of tackling climate change, fixing the EU’s migration system, and opening accession negotiations with North Macedonia and Albania https://t.co/Ac74PKhljX [1/4] pic.twitter.com/AJapa90DRQ
— David Sassoli (@EP_President) October 17, 2019
Претседателот на Европскиот парламент денеска на прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Македонија и Албанија.
Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата, нагласи Сасоли.
Тој потенцира дека ставот на ЕП е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.
Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме да, рече Сасоли.
Comments are closed for this post.