Во денешното издание на дебатната емисија “Студио 10” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ги критикуваше погрешните одлуки на Зоран Заев и Владата да се организираат локални избори на толку мртви и заразени.
Мицкоски смета дека на Заев и на СДСМ не им се важни животите на граѓаните, туку дека ги интересираат само функционерска фотелја и бизнис-зделките. Срамно е во време на светска здравствена пандемија да се организираат избори, на кои веќе опозициска партија се откажа од настап на такви избори, вели Мицкоски.
Секојдневно имаме голем број на починати луѓе, за жал. Ситуацијата ескалира и наместо да се посветиме на решавање на проблемите во здравството, да спасиме што повеќе луѓе, СДСМ единствено ги интересираат предвремените локални избори, за кои очигледно има сериозна намера да се одржат, занемарувајќи ги последиците кои за жал можат да бидат сериозни, додаде Мицкоски.
Мицкоски смета дека воопшто не е добро што кандидатот на СДСМ Сашко Николов, лекар по вокација, не се посветува на својата дејност туку брка политичка функција.
Наместо да се ангажира во штипската болница, каде што бројката на заболени и починати е поразителна, доктор Николов претендира да стане градоначалник, заврши Мицкоски.
Comments are closed for this post.