ВМРО-ДПМНЕ е најголемото политичко семејство каде се запазуваат нашите традиционални вредности, каде на прво место е солидарноста, грижата за татковината и борба против сите ретроградни сили, објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

-Нашата борба е возможна доколку секој еден од вас го даде својот придонес. А ВМРО ги отвора вратите за младите, способните, образованите, искусните, работливите, чесните и оние кои заедно со нас сакаат да создаваат иднина. Иднината е наша заедничка. Затоа приклучи се. Биди дел од промените кои ја носат македонската пролет, кои се дел од новата визија, од Македонија не само каква ја сакате, туку и каква ја заслужувате. ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април започнува со акција за приклучување и зачленување на нови членови. Просториите на општинските комитети ќе бидат отворени од 17 часот до 20 часот секој работен ден, пишува Сајкоски.