На денешното сведочење на обвинителот Бурим Рустеми тој за случајот Поштенска банка објасни дека на еден од состаноците Катица Јанева ги информирала дека случајот треба да се затвори со плаќање на отшета од страна на осомничените.
На ова претходеле повеќе настани. Како што посочи Рустеми, првиот бил, донесеното правно начелно мислење на Врховниот суд од 30.1 2019 година што според него создало хаос во постапувањето со предметите од СЈО, отворени по предвидениот законски рок од 18 месеци.
-Ова начело правно мислење во многу наликуваше на амнестијата на Иванов-рече Рустеми
Тој посочи дека на состанок на сите специјални јавни обвинители колективно одлучиле дека рокот од 18 месеци не може да ја амнестира кривичната одговорност на сторилите на кривичните дела, а предметот „Поштенска банка“ се вброујва меѓу оние кои се покренати по истекот на рокот.
Во март 2019 година, Рустеми добил задача од Јанева да ја утврди висината на оштетата за инволвираните во предметот и ова размислување го збунило и го навело да размислува на заднината на ставот на Јанева.
Му изгледало логично дека барањето е резултат на колективната одлука за да не може да се амнестира кривичната одговорност. Меѓутоа, во април Јанева го повторила истиот став и за Поштенска банка и за Империја, по што добил задача да подготви извештај за висината на отшетата. Кога ова е направено, Јанева го затворила состанокот и Рустеми немал можност да се произнесе.
-Изготвив изваштај за Поштенска банка и покрај висината на обештетувањето го наведов и максимумот од минималната затворска казна што за вакви дела следува и го предадов на Јанева, по што немавме никакви средби-објасни Рустеми.
Тој додаде дека токму неговиот извештај и извештајот на Стефанова со предвиените законски казни биле причина Јанева да не донесе јавно обвинителка одлука затоа што само со обешетување не можеле да поминат на суд.
На денeшното рочиште ниту одбраната ниту обвинетите немаа никакви прашања за Рустеми.
Comments are closed for this post.