Екс премиерот Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието, смета обвинителката Вилма Русковска. Таа се надева дека наскоро ќе се покрене обвинение за четворица од организаторите и нарачателите на настанот.  Според неа, има вмешаност на политиката во судењето за предметот „27 април”.

И настаните се случија во Собранието, и амнестијата ја даде Собранието. Може има оправдување за тоа што го направија, но не би сакала да се повтори и политиката повторно да се меша во правосудството, рече Рускоска вечерва во емисијата „Само вистина” на ТВ Канал 5.

Посочи дека не и е јасно зошто Интерпол не објави потерница против двете лица кои се недостапни, кога претходно, како што рече, објави потерници за останати пет лица вмешани во настаните од 27 април, од кои дел се осудени, а за последното фатено лице во Шведска веќе е доставено барање за екстрадиција.

За случајот „Дива населба” во кое таа била втор обвинител, според неа, има многу цврсти докази за сите обвинети и има ДНК-анализа и отпечатоци од сите осудени.