Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека се водат предистраги за функционери од актуелната власт.

Водиме предистраги. Се работи за предистражни предмети и во овој момент не би можела да кажам повеќе, одговори Рускоска на прашањето дали може да посочи за какви кривични дела станува збор.