Руските пранкери Владимир Кузњецов-Вован и Алексеј Стољаров-Лексус во интервју за „Политика“ повторно се осврнуваат на телефонските разговори што ги имале со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и оти тој бил единствен случај толку долго да не забележи дека се шегуваат.
Макрон е прилично блага и фина личност, додека пак Гваидо не остави впечаток на независен политичар. Борис Џонсон е многу интелегентен и ладнокрвен. Харадинај сака да остави впечаток на љубезен дипломат но слабо му успева. Но премиерот Заев е навистина неверојатен, на ниеден политичар до сега не ни успеа да го лажеме на таков начин речиси една година- велат комичарите.
Comments are closed for this post.