Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не правел операција на срцето. Иако пред неколку дена дел од медиумите пишуваа дека Јанакиески мора итно на операција, тој по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка, јавува МКД.МК.

Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна и дека по прегледите е вратен во затвор.

 „Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра”, вели Рахиќ за порталот.