Ова ни е првпат да ни се случи една од нашите „жртви“ како што ги викаме, да не сфати кои сме. Затоа ова беше одлично искуство за нас, разговорите со Заев. Исто така, ни беше чудно што Заев беше особено пријателски настроен кон нас, кажа многу повеќе од тоа што го прашавме и беше апсолутно отворен кон нас, вели рускиот комичар  Алексеј Столјаров – Лексус, во интервју за „Република.мк“.

Навистина е личност која многу зборува, ние не му ни баравме да ни даде толку многу информации. Очекувавме дека ќе имаме само еден разговор со него, и само го прашавме што мисли за Русија и за референдумот, за мешањето во внатрешните работи, но бевме изненадени кога почна да ни зборува, да ни кажува работи и да не прашува за помош, да му помогнеме. Не бевме подготвени на тоа. Не го гледавме како човек кој би ни бил користен, ние сме приватни лица, но за нас е ова добра приказна. Извлековме се што мислевме дека ќе извлечеме од него. Добро се забавуваме, а добивме и некои интересни податоци-вели Столјаров.

Целото интервју погледнете го на „Република.мк“.