Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија.
Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, изјави унгарскиот министер за правда Ласло Трошчањи во интервју за унгарската телевизија „Ехо“
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Трочани кажа дека Канцеларијата за имиграција и бегалци донела одлука по темелна истрага и утврдила дека македонскиот експремиер со право се плашел за својот живот.
Да бидеме искрени, ако поранешен премиер оди во затвор, сигурно нема да му е лесно“, велиТрошчањи.
Тој појасни дека сега Груевски може да добие патни документи и слободно да ја напушти Унгарија ако сака.
Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.
Comments are closed for this post.