Утре е последен ден до кога обвинетите за настаните од 27 април може да побараат од Судот да бидат амнестирани, согласно Законот за амнестија што беше донесен од Собранието. Засега нема потврда кој се пријавил, но неофицијално се дознава дека тоа го сториле неколкумина од обвинетите пратеници.

Судот има пет дена да одлучи за барањата рок од пет дена а претходно е потребно мислење од јавен обвинител.

Законот се однесува на амнестија на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април. Според тоа, нема да бидат амнестирано организаторите и подготвувачите на нападот, оние кои извршиле насилство, оние кои носеле фантомки и оружје.

Алијансата за Албанците најави дека Законот ќе го оспори на Уставен суд.