Kaко што дознава Република, со ВИП-третман во во саботата во Охрид бил пречекан синот на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос, Александер Сорос, кој придружуван од четири соработници, остварил тајни средби со македонскиот државен врв: премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Дека станува збор за тајна средба на премиерот и претседателот со синот на шпекулантот Сорос говори и фактот што за средбата не беа известени медиумите, а средбата се одржала далеку од очите на јавноста.
Игри зад кулисите и зошто Заев ја крие оваа средба?
Според неофицијални информации до кои дојде Република, со Алекс Сорос допатувале неговите соработници Зак Греам, Лаура Силбер , задолжена за комуникации и пропаганда на мрежата Сорос, Томас Обрајан и Гибсон.
Неофицијално, теми на тајниот состанок биле:
1. Злоупотреба на средства на Сорос кои претходно биле дадени на користење на власта, а кои биле употребени низ сомнителни канали и без видлив резултат.
Упатените велат дека подолг период се врши интерна проверка во Организацијата на Сорос и следење на случај за можна злоупотреба на финанскиски средства од страна на челни луѓе од власта во Македоника.
2. Конкретизирање и дефинирање на мрежа за фино корумпирање на медиуми и влијателни личности кои треба да и помогнат на власта и владата на Заев во пресрет на изборите, особено што алармот бил вклучен по анкетите кои покажуваат пораз на Заев.
Неофицијално, бил договоран финансиски пакет за престојната кампања која вклучува корумпирање на медиуми и влијателни личности кои ќе треба да ја фалат Владата.
Воедно не се исклучува можноста, иако немаме потврда за тоа, да имало средба и со албанскиот премиер Рама, кој денес учествува пак на трилатералната средба во Охрид Заев, Вучиќ, Рама. Ова не би било изненадување особено ако се знае дека поранешната сопруга на Рама, Делина Фицо раководи со Сорос на Балканот.
Џорџ Сорос е контроверзен милијардер кој беше протеран од Унгарија и непожелен во неколку други земји. Тој стана дел и од длабоката држава која често знае да е предмет на критика од страна на претаедателот на САД Доналд Трамп.
Она што исто така отвора дилеми е што меѓудругото се злоупотребени и државните ресурси, полиција, пречек, и безбедносна придружба на групата предводена од Алекс Сорос кој не е репрезент на држава ниту има дипломатски статус за да ги ужива таквите придобивки и третман. Ваквото приватизирање на полицијата значи и кривична одговорност за злоупотреба и за оние кои ја издале таквата наредба.
Comments are closed for this post.