Видни личности од естрадата, бизнисот и политиката се повикани како сведоци на првообвнетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Нивното испрашување треба да започне следната недела но неизвесно е кој од судот ќе го обезбеди и ќе се појави на рочиштето.

Иако за денеска беше најавен бизнисменот Владимир Тодоровиќ, тој не дојде откако го известил судот дека о д 25 до 28 имал неодложни бизнис средби во Бугарија.

За утре пак е најавено присуството на Дејан Панделевски, еден од рекламерите во телевизијата на Бојан Јовановски.

Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски, треба да сведочи во корист на Боки. Неговата сопруга е обвинета во случајот со Меѓународниот сојуз а важеше за блиска пријателка на Боки. Во едно од нејзините последни интервјуа таа го оцени досегашниот тек на судењето како „убиство без леш“.

Како сведок е повикан и стилистот Сергеј Варошлија, кој на 1ТВ ја водеше една од најгледаните емисии.Остана забележана дека откако Боки отиде во притвор единствено тој на социјалните мрежи му го честиташе роденденот.