Набиена агенда на кандидатите за претседател на државата и денеска.

Кандидатот за претседател, поддржан од  БЕСА и Алијанса на Албанците Блерим Река ќе биде во Теарце .

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата, Гордана Силјановска Давкова на митинг во Македонски Брод и во Кичево.

Претседателскиот кандидат од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски , ќе учествува на граѓанска трибина во општина Бутел , на трибина со граѓаните на општина Шуто Оризар и отворена трибина со граѓаните на Ѓорче Петров.

Силјановска вчера во Струмца порача  дека времето за одлучување доаѓа и побара од граѓаните на 21 април и 5 мај да излезат и да ја поддржат.

Народот е мудар, најмудар е кога молчи и јас така гледав на референдумот, ама времето на одлучување доаѓа“, порача Силјановска.

Пендаровски пак на трибина во скопската општина Карпош истакна:

Во оваа општина во 2014та година според реалните бројки победивме многу на малку. Во оваа општина 2016та победивме многу на малку. Во 2017та доаѓам да му помогнам на еден од најдобрите млади градоначалници во последниве 20 години кај нас и победивме многу на малку. И ако драги пријатели не победиме на 21ви и на 5ти многу на малку немој да ми излегувате на очи.“

Треба да владее правото, ќе се обидам да ја деполитизирам државата и да понудиме можност младите да  останат, а не да мигрираат, порача кандидатот за претседател Блерим Река вчера на митинг во Куманово.

Без суштински реформи не може да одиме напред, потенцира Река, претседателски кандидат поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците.