Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река.

На митингот, Река најдолго говореше за неговиот концепт „За република“, што во основа за него значи правна држава за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или која било друга припадност. Претседателскиот кандидат потенцира дека тој со неговиот концепт порачува сите да бидат еднакви.