Кандидатот на Алијансата за Албанците и на Беса, Блерим Река, коментирајќи ги кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека со нив не се согласува за неколку работи.
Со Пендаровски не се согласува поради неговиот концепт „општество за сите кој според него треба да биде држава за сите. На Силјановска пак и забележува поради нејзината критика за Договорот од Преспа.
-Преспанскиот договор е најдоброто можно решение за проблемот за името со Грција-смета Река.
Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Блерим Река денеска и официјално ја промовираше својата независна кандидатура за претстојните претседателски избори закажани за 21 април.
На заедничката прес-конференција во Скопје со лидерите на Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА, Река изрази благодарност за поддршката во однос на успешното прибирање на потребните над 10.000 потписи за поднесување на кандидатурата за претседателските избори и искажа уверување дека ќе биде победник на изборите закажани за 21 април.
– Зошто мислам дека ќе победиме? Затоа што нудиме концепт за враќање на републиканизмот и републиката. Ние сме за евроатлантска и мултиетничка република. Македонија е држава, но не е република. Ќе биде република ако на места на владеењето на поединецот ќе има владеење на правото, но не сега кога судството е политизирано, администрацијата е политизирана, додека Собранието имунизира и амнестира одговорни за кривични дела, рече Река.
Според него, ова не може да помине кај ЕУ за разлика од НАТО каде што заради безбедносни цели ќе станеме многу бргу дел од Алијансата.
Comments are closed for this post.