Минатата година, наведува рускиот претседател, „поради форсираното зачленување во НАТО на Република Македонија, беше дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промена на името на државата, ревизија на основите на македонскиот национален идентитет“.

?

При тоа, беше игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес, Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер – Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.