Македонските граѓани денеска гласаат на референдумот кој произлезе од Договорот помеѓу Македонија и Грција.
Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“
Право на глас на плебисцитарното изјаснување имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.
Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.
Ден претходно, гласаа болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство, но таму беше забележана ниска излезност.
Првите инциденти беа забележани вчера во Австралија . Се појавија снимки на фејсбук страницата „Предавници“ од пред гласачко место пред кое иселеници од Македонија стоеја и на оние што доаѓаа да гласаат им се закануваа и ги навредуваа.
Регираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој им порача на граѓаните да пријават на бројот 192 доколку забележат дека се неовластено снимани.
Се јави и Обинителството од каде велат дека објавувањето фотографии на гласачи е противправно дејство кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Според нив,секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно законот.
Comments are closed for this post.