Не може да имате доказ кога Обвинителството на својот комјутер на ворд седнале и направиле текстуални пораки.Дури и заборавиле да го сменат времето па во една секунда има 43 пораки, реагираше денеска Драги Рашковски.

Гинисовиот рекорд е дека за 53 секунди можете да напишете една порака. Не може да давате докази кои произлегуваат од незаконит начин на прибирање. Не може обвинителството да импутира дека се тоа некакви пораки од кои ни самиот производител не може да утврди за какви податоци станува збор.

Тој вели 43 секунди во една порака дека на документ кој со форензичка анализа е докажано дека е правен на компујтерот на обинителката.

Рашковски објасни дека и службените патувања плаќал од свои пари.

Кога одиме како функционери некаде на пат имаме одредени трошоци. Функционерот има две опции: или да земе аванс од институцијата каде што е вработен или да троши средства и кога ќе се врати тоа да го надополни. Обвинителството ја гледа само страната на приливи односно на уплати. Кога сум патувал, сум плаќал со моја картичка, кога сум се враќал од пат тие средства биле рефундирани. Сите знаат дека по благајничко работење тие средства се рефундираат во кеш. Кога ќе ви ги рефундираат тие средства, нормално е да одите да си го покриете минусното салдо. Меѓутоа, тоа Обвинителството не сака да ви го прикаже како такво туку само вели дека ставал пари на својата картичка, а не ја гледа страната дека тие пари се трошени за оправдани трошоци кои понатаму се рефундирани-убедува Рашковски.