Драги Рашковски вели дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца. Тој нагласува дека тие се традиционално семејство кое сака да подарува и оти неговите деца често добилале подароци за родендени, крштевки, мекици и сл.

Децата имаат заштеда која е од нивните родендени, а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претходно. Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и имот во Струмица и подвижните средства сум ги имал и пред да станам генерален секретар. Сето тоа е само префрлено,,ние сме традиционална земја како што секој родител што сака неговиите деца да имаат. Станот што сум го имал од 2011 година само сум го префрлил, не станува збор за нов имот. Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал – се правда Рашковски.