Еразмус плус, Еуридика, Европас и Еурогајденс се четирите програми за кои група луѓе, најверојано вработени во Националанта агенција за европски програми, пријавиле сомнеж за злоупотреба на европски пари, покажуваат пријавите кои пристигнале до Антикорупциската комисија. Членот на комисијата кој го води овој предмет Нури Бајрами за РСЕ вели дека до Комисијата во мај годинава пристигнале првите анонимни пријави за сомнеж во работата на директорката на Националната агенција за европски програми Лидија Димова кои, според содржината, наликуваат дека се доставени од група вработени во Агенцијата.
Покрај сомнежите за злоупотреба на европските фондови до нив пристигнала и пријава од правно лице за злоупотреба на македонскиот буџет, односно за една јавна набавка. Бајрами додава дека немаат конкретна информација околу сомневањата колку вкупно пари се излеале од Агенцијата.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.